Мектоминеј се огласи за неговата иднина во Наполи: Јас сум…

Дерби

20/02/2026

12:29

337

Големина на фонт

а а а

Скот Мектоминеј се пресели во Наполи во летото 2024 година и веќе го првата година направи разлика и беше клучен играч на патот до освоеното Скудето.

Шкотот се препороди во Неапол и со своите изданија ги освои срцата на навивачите, но и го привлече вниманието на останатите екипи кои во него гледаат фудбалер кој може да биде квалитетно засилување.

Тој е под договор со наполитанците до 2028 година што секако остава простор за шпекулации, меѓутоа Скот има јасен став кога се работи за неговата иднина.

- Мојот агент не ми кажал ништо за мојата иднина. Тој зборува само со клубот и со мене. На медиумите ништо не им кажал. Јас сум исклучително среќен тука, јас сум Наполи и само за тоа размислувам. Иднината е важна и би можел да се видам тука долго време. Ги почитувам навивачите и Наполитанците воопшто. Нивниот став е близок до оној на мојот дом, па затоа лесно се поврзувам со нив. Го сакам ова место, - порача некогашниот член на Манчестер Јунајтед.

Скот се надева дека што поскоро ќе се врати на терените.

- Имам проблем со тетивата што треба да се третира. Не е лесно. Се трудам максимално да бидам таму во недела. Како играч, тешко е да се стигне до тренинг центарот, а да не се тренира со соиграчите. Очајно сакам да играм, но морам да бидам сигурен за мојот статус, - порача соиграчот на Елиф Елмас.