[ВИДЕО] Протече нова снимка од скандалот во Лисабон: Винисиус ги провоцираше навивачите, а потоа Ридигер покажа класа

Точка

19/02/2026

15:29

818

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор го одбележа неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Реал (0:1) бидејќи постигнатиот гол го прослави така што провокативно танцуваше пред навивачите на Бенфика и со тоа предизвика вистински метеж на теренот.

Имено, играчот на Бенфика Џанлука Престијани наводно му зборувал на Винисиус дека е мајмун, што Бразилецот му го пријавил на судијата Франсоа Летексије, кој го прекинал натпреварот, но истиот потоа бил продолжен без санкции за домашниот фудбалер.

Меѓутоа, многумина сметаат дека хаосот го предизвикал токму Винисиус со своето провоцирање на навивачите и непочитување кон Бенфика, додавајќи дека е важно да се подвлече и грдото однесување на Бразилецот на овој натпревар.


Винисиус голот го прослави така што истрча во аголот од теренот и танцуваше раширувајќи ги нозете околу корнер-знамето со грбот на Бенфика, а сето тоа го изведуваше насмеан гледајќи ги навивачите на португалскиот клуб.

Бесните навивачи на Бенфика поради тоа кон играчите на Реал фрлија неколку пластични шишиња со вода, што го правеа и кога Винисиус во продолжението од мечот сакаше да изведе корнер.

Дополнителната снимка покажува и дека искусниот стопер на Реал, Антонио Ридигер, дотрчал до соиграчите и воопшто не славел со нив, туку им покажувал да престанат со таквото однесување.

На навивачите на Бенфика воедно им се извинил поради постапката на соиграчите, а неговиот потег предизвика воодушевување меѓу навивачите на португалскиот клуб и неутралните љубители на фудбалот.