Се влегува во завршната фаза на Премиер лигата или поточно сме многу блиску до тоа да имамаме едноцифрен број на мечеви до крајот на сезоната, а тоа значи ќе имаме вистинска драма во борбата за пехарот ако се погледне табелата.
Арсенал во средбата направи огромен кикс и освои само бод во соочувањето со „фенерџијата“ Вулверхемптон и сега има пет поени плус од второпласираниот Манчестер Сити со тоа што „граѓаните“ имаат одиграно еден натпревар помалку што значи дека евентуално разликата може да биде два, а воедно не треба да се заборави и дека „топчиите“ допрва ќе треба да гостуваат на „Итихад“.
Сето ова прави да има драма, па англиската легенда Гери Линекер даде свое мислење за тоа кој е фаворит и поблиску до трофејот. И покрај последните случувања Линекер верува дека Арсенал е тој што ќе го има последниот збор.
- Стиснете гас, особено кога водите. Дали е тоа само проблем со менталитетот на Арсенал, дали е тоа малку застој во сезоната низ кој секој тим ќе помине во одреден момент?
- Мислам дека сепак ќе ја освојат титулата, но ова може да биде мала инјекција што треба да ја средат. Манчестер Сити сега е само пет бода зад Арсенал и имаа меч во свои раце. Претпоставувам дека прашањето е дали Сити може да биде толку конзистентно брилијантен како што беше кога ја освои титулата четири сезони по ред, во тој период кога речиси секој натпревар го добиваа по Божиќ, не можеше да се очекува да губат бодови.
- Не сум сосема сигурен дека Манчестер Сити е таму или може да биде доволно конзистентен за да го следи Арсенал, - истакна Линекер.








