Шкендија долго одолеваше, но не најде решение за „џокерот“ на Самсунспор

Дерби

20/02/2026

11:59

149

Големина на фонт

а а а

Шкендија стана прв македонски тим кој обезбедил нокаут фаза во едно евроспко натперварување, а дебито во оваа фаза од Конференциската лига заврши со пораз од Самсунспор.

Македонскиот првак долго одолеваше и го држеше почетните 0:0 на семафорот, но тоа се промени во 77-та минута на натпреварот кој се играше во Скопје.

Присутните на националната арена „Тодор Проески“ мораа да чекаат за гол до завршните 15 минути, а како клучен фактор се покажа голот на „џокерот“ Мариус.

Пет минути по влегувањето во игра, членот на Самсунспор го отвори резултатот, откако претходно во раната фаза на мечот тоа не му успеа на Шериф Ендиаје.

Најголемата ѕвезда на Самсунспор го префрли голот при ударот од 11 метри, а погодокот на Мариус направи тој да не се претвори во трагичар поради нереализираниот пенал.

Конечните 0:1 остануваат како активен резултат за Шкендија во овој двомеч, но ако сака да направи изненадување, тимот на Јетон Беќири ќе мора да игра многу подобро и далеку похрабро од тоа што го прикажа вечерва во Скопје.

Голот на Самсунспор погледнете го ТУКА.