Шеј Гивен целата своја професионална, сениорска кариера ја мина на островот или поточно во Англија каде беше дел од значајни екипи како Блекбурн, Њукасл, Манчестер Сити и Астон Вила, голман кој во најдобрите времиња важеше за Топ 10 на својата позиција во Премиер лигата.
Денеска некогашниот репрезентаитвец на Република Ирска го гледаме како аналитичар и токму тој имаше што да каже за играчот за кого веќе има интерес од Арсенал, Манчестер Јунајтед, Јувентус, тука е и Манчестер Сити, а тоа е Сандро Тонали.
Тонали има значајна улога во Њукасл и ќе биде потребна навистина тешка понуда за да клубот од „Сент Џејмс Парк“ се откаже од услугите на Италијанецот кого Гивен го спореди со Андреа Пирло.
- Тој навистина се истакна со своите два гола на Вила Парк минатиов викенд. Видете, тој е посебен играч, навистина талентиран играч. Имаше многу муабети од неговиот агент во последните неколку недели, многу врева околу него, исто така, за тоа дали е тука на долг рок. Се надевам дека е [таму на долг рок] бидејќи, можеби ќе кажам голема изјава тука, но тој ме потсетува на Пирло. Тој ги прави работите да изгледаат едноставно, - истакна Гивен и додаде:
- Тој е играч од средниот ред, секогаш изгледа дека има време со топката, секогаш скенира, секогаш е опуштен. Тој мора „разбива“ како „шестка“, тоа го прави добро. Но, тој ја прави и другата страна од тоа, како што покажа пред некој ден во Астон Вила. Тој секогаш изгледа опуштен, смирен и ја чита играта многу добро, се прави. Навивачите го обожаваат, го сакаат во Њукасл. Можеш да го изградиш својот тим околу некој како Сандро, - заврши Шеј.
25-годишниот Тонали има договор со „страчките“ до 30 јуни 2028 година.








