Премиер лигата важи за најдобар, најкомпетитивен фудбалски шампионат на светот, а главна причина за тоа се парите со кои клубовите располагаат без разлика дали се работи за оние од врвот или од долниот дел од табелата.
Многу пари се вртат на островот и кога е така јасно е зошто играчите од целиот свет доаѓаат во оваа средина. „Дејли Мејл“ направи топ листа од десет фудбалери со најголема заработка, односно играчите кои во моментов се најплатени во елитната англиска фудбалска дивизија и тоа се суми од кои боли глава.
На првото место е Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, главниот напаѓач на оваа екипа кој неделно добива по 525,000 фунти. Тој е далеку пред сите и потврда за тоа е фактот дека второпласираниот Мохамед Салах е на „само“ 400.000 фунти.
Потоа следи Касемиро со 350,000 фунти, сума која ја добива и дефанзивецот Вирџил Ван Дајк, следат Букајо Сака и капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш со по 300.000 фунти неделно, седми интересно е Омар Мармуш кој е навистина „дебело“ платен од Сити (295,000), а првата десетка ја заокружуваат Александер Исак (280,000), Каи Хаверц (280.000) и Габриел Жезус (265.000 фунти).








