[ВИДЕО] Го замолила сопругот да ги извади намирниците од автомобилот: Она што се случило...

Точка

18/02/2026

13:28

1.092

Големина на фонт

а а а

Снимка од жена која го замолила сопругот да ѝ помогне да ги истовари намирниците од автомобилот се претворила во трогателно изненадување, кое на Инстаграм го погледнале повеќе од 28,4 милиони луѓе. Наместо кеси од продавница, во багажникот го чекало кутренце.

На видеото, Вајат му се приближува на автомобилот откако неговата сопруга Елизабет, двајцата 30-годишни, го замолила да ѝ помогне со намирниците. Но кога го отворил багажникот, наместо кеси од продавница, видел мало кученце мешанец од германско овчарско куче и хаска. Во багажникот воопшто немало намирници.

Елизабет го вдомила кученцето само неколку часа претходно, а како изговор за излегување од дома користела лажно одење во продавница. Реакцијата на Вајат била моментална. Нежно го подигнал кутрето, го бакнал по главата и воодушевено ги гледал неговите сини очи, додека кутрето се обидувало да го лиже.

Нов почеток по болната загуба

Елизабет раскажала дека сето тоа се случило во исклучително тежок период за нивното семејство. Само два дена претходно нивниот седумгодишен германски овчар Ру починал од рак.


„Знам дека луѓето велат дека треба време за тагување, но по два дена веќе не можев да поднесам што таа загуба му направи на нашиот дом“, рекла Елизабет, која живее во Чарлстон, Јужна Каролина. „Бевме толку скршени што ни беше физички лошо, а нашето други куче Хари сè уште чекаше на прозорецот да се врати Ру дома.“

Додека тагувала, Елизабет на интернет пронашла легло на седум недели стари кутриња кои итно имале потреба од дом. Кутрињата припаѓале на млад пар кој едвај се грижел за нив.

„Живееле во приколка без клима и греење и едвај имале пари за храна за кученцата“, раскажала таа. „Не можеле да си дозволат стерилизација или кастрација на родителските кучиња, па морале што побрзо да се ослободат од кучињата.“

План кој допре милиони

Додека Вајат бил дома и работел во дворот, Елизабет го спровела својот план.

„Реков дека одам малку до „Costco“ во продавница. Така, кога ќе се вратам дома, можев да го ставам кученцето во багажникот и да го замолам да ми помогне да ги истоварам намирниците за изненадувањето да биде комплетно“, објаснила таа.

Видеото ги допрело гледачите, а многумина ја пофалиле мирната и нежна реакција на Вајат. „Каков прекрасен човек. Толку нежно и со толку љубов да го прими новиот член“, напишал еден коментатор. Друг се нашалил: „Во мојата продавница дефинитивно нема преслатки кученца.“