Овие „бапски гаќи“ чинат 1.000 евра, а само да слушнете како се перат! Ги дизајнираше омилената креаторка на Кејт Милдтон

Кармин

16/02/2026

16:16

412

Големина на фонт

а а а

Во одделот за луксузна долна облека на лондонската стоковна куќа „Хародс“ доминираат нежна чипка, свила и најфини материјали. Сепак, меѓу раскошните комплети неодамна се појави парче што предизвика вистинска бура – црни гаќи со висока половина од жерсе, со цена од дури 890 фунти (1.000 евра).

Црните гаќи, кои на прв поглед не изгледаат особено гламурозно, направени се од комбинација од вискоза, волна и еластин, а можат да се чистат само по само хемиски пат. Ова значи дека секое носење подразбира и дополнителни трошоци за одржување. Зад дизајнот стои Сара Бартон, креативна директорка на модната куќа „Живанши“. Бартон е позната и на пошироката јавност како дизајнерка на венчаницата на Кејт Мидлтон од 2011 година, која ја креирала додека работела за Александар Меквин.


Моделот е достапен во црна и во бела боја, со извезен потпис „Живенши Париз“ на задната страна. Составот на материјалот вклучува 36 отсто волна, 43 отсто вискоза, 15 отсто полиамид, 5 отсто полиестер и 1 отсто еластин.

Додека многу жени би можеле да го поврзат овој крој со познатите „бапски гаќи“ од филмот „Бриџит Џонс“ со Рене Зелвегер, во кој ликот на Даниел Кливер, кој го игра Хју Грант, ја изговара познатата реплика за „апсолутно огромни гаќи“, модната куќа „Живанши“ го опишува ова парче сосема поинаку.

На официјалната веб-страница се наведува дека долната облека оваа сезона ја надминува својата традиционална улога и станува смела изјава за самодоверба и софистицирана бунтовност.

Трендот на долна облека што се гледа под проѕирните фустани е на црвениот тепих веќе некое време. Актерката Кристен Стјуарт го носеше овој модел, додека Сиена Милер и Каја Гербер неодамна комбинираа слични парчиња со проѕирни фустани на престижни модни и филмски настани, вклучувајќи го Филмскиот фестивал во Венеција. Инаку, Каја е ќерка на супермоделот Синди Крафорд, а сите три се сметаат за обожавателки на дизајните на Сара Бартон.


Заедно со гаќите, во понудата е и соодветен градник со цена од 2.250 фунти, додека сатенскиот горен дел (топ) украсен со вез од бисери ја достигнува цената од 9.050 фунти.


Сепак, за повеќето клиенти пореална опција остануваат класичните модели што ги нудат брендови како „Маркс енд Спенсер“. Пакет од пет памучни гаќички чини 8 фунти, односно 1,60 фунти по парче, а може да се перат во машина за перење без дополнителни трошоци. За цената на еден пар гаќи од „Живанши“, во оваа продавница можете да купите дури 556 слични парчиња.

Луксузот, очигледно, има своја цена, но останува прашањето колку потрошувачи се подготвени да платат за парче што многумина сè уште го сметаат за исклучително едноставно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk