Актерката и водителка Дру Баримор во својата најнова епизода на „The Drew Barrymore Show“ разговарала со Крис Флеминг и по тој повод, како и обично, изнела некои свои ставови.
Дру многу често го истакнува значењето на природниот изглед, се појавува дури и без шминка, а сега зборувала и за градниците и за тоа колку ѝ здодеале.
„Во моментов носам некое чудно боди. Го носам затоа што не сакам да носам градник. Доста ми е од градници. Престара сум за тоа и веќе нема да ги носам. Баш ми е гајле ако градите ми паднат до колена. Едноставно ми е доста од сето тоа и веќе не ми е гајле“, рекла водителката.
Оваа нејзина изјава брзо наиде на одобрување кај публиката, па жените на социјалните мрежи главно ја поддржаа.
Инаку, Баримор неодамна зборувала и за своето искуство со породувањето – зад себе има два царски резови и е свесна дека нејзиното тело се променило.

„Не можам да носам многу различни модели панталони. Пред некој ден одев во пократка маичка и не можев да ја закопчам јакната. Мислев само на тоа како не сакам тоа некој да го види“, рекла таа.
Освен тоа, Дру е една од ретките кои отворено зборуваат и за симптомите на перименопауза и додала дека се чувствува како „насукана риба“.

„Бев на чекор да издржам една година без менструација и конечно да влезам во менопауза, а потоа ја добив. Бев на 11 месеци, па сега повторно се враќам на почеток“, се пожалила Дру.