Истражување сугерира дека видеоигрите можеби имаат позитивно влијание на децата отколку што се мислело претходно, вклучувајќи подобри когнитивни способности и училиштен успех.
Студијата објавена во научниот магазин „Social Psychiatry and Psychiatric Epidemiology“, која ја спровеле истражувачи од Универзитетот Колумбија, анализирала податоци за 3.195 деца на возраст од 6 до 11 години од повеќе европски држави.

Резултатите покажале дека децата кои редовно играле видеоигри имаат значајно повеќе шанси за развивање на интелектуални способности и подобра вкупна концентрација на училиште.
Конкретно, интензитетот на играње игри е поврзан со 1,75 пати поголема веројатност на високо интелектуално функционирање и 1,88 пати поголема веројатност на подобар училиштен успех.
Приближно, 20 отсто од децата во истражувањето играле видеоигри повеќе од пет часа неделно, а процените вклучувале податоци од родителите, наставниците и самите деца.
Една од авторките на истражувањето, епидемиологот д-р Кетрин Кејес, истакнала дека резултатот покажува дека децата кои често играат видеоигри, „добро се вклучени во врсничките групи и школската заедница“.
Сепак, експертите предупредуваат дека резултатите не треба да се толкуваат како повик на неограничено користење на екраните.

Нагласуваат дека умереноста е клучна и дека родителите и натаму треба да постават јасни граници кога станува збор за времето поминато пред екран.
Заклучокот на истражувањето е дека видеоигрите можат да имаат позитивен ефект на развојот на децата, но дека потребни се дополнителни истражувања за подобро да се разберат механизмите на тоа влијание.