Саботната вечер во Лос Анџелес беше резервирана за тројките и натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, но за разлика од некои други времиња, овојпат шоуто беше дефинитивно под секое ниво.
Демијен Лилард кој е повреден цела сезона реши да настапи на натпреварот на тројки и испадна најдобар „тројкаш“ и покрај тоа што не е во натпреварувачки ритам, но најголемо разочарурвање на вечерта беше натпреварот во забивање.
Оваа дисциплина го допре дното на Ол-стар викендот во Ел-Еј, не само поради тоа што не учествуваше ниту една позната ѕвезда, туку и поради фактот што немаше ниту едно повредно спектакуларно забивање.
Највучно име беше резервниот центар на Лејкерс, Џексон Хејс, а се чини дека токму тој имаше едно од најлошите забивања во историјата на ова натпреварување.
Победата му припадна на Кишад Џонсон од Мајами, и тоа со едногласна одлука од судиите Двајт Хауард, Кори Мегети, Брент Бери и други.
Во финалето беше и Картер Брајант од Сан Антонио кој го освои второто место, а негова најдобра изведба беше онаа во втората рунда кога собра максимални 50 поени од судиите.
Оваа година, на Ол-стар викендот се врати и „Шутинг старс“ дисциплината како замена за натпреварот во вештини, а победата припадна на тројката од Њујорк која ја сочинуваа Џејлен Брансон, Карл Ентони Таунс и Алан Хјустон.









