Барселона доживеа потоп што ќе го памети, Атлетико со една нога во финалето на Купот на Шпанија

Дерби

15/02/2026

09:52

229

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид ја потопи и понижи Барселона во првиот полуфинале меч во Купот на Шпанија кој оваа вечер се одигра на „Метрополитано“, меч кој домаќините го добија со 4-0.

Избраниците на Чоло Симеоне го уништи актуелниот шпански првак за едно полувреме користејќи ги сите слабости, мани кои ги има Барса како тим, но и тактичната поставеност и високата линија која тренерот Ханси Флик ја користи постојано и по секоја цена.

Овојпат тоа му се удри на Германецот од глава и доживеа дебакл кој ќе го памети како тој, така и играчите кои одиграат под секое ниво во првиот дел. Се почна од катастрофалната грешка на голманот Жоан Гарсија во 6 минута, автоголот што му е препишан на дефанзивецот Ерик Гарсија.

Веќе во 14 беше 2-0 со погодокот на Гризман, а потоа реализираа уште Лукман и Алварез во 33 и судиското продолжение.

Во 52 минута Барса даде гол преку Кубарси, но откако судиите во ВАР проверуваат преку пет минути досудија офсајд. На крајот гостите останаа и со играч помалку по исклучувањето на Гарсија во 85 минута што беше точка на кошмарната вечер во Мадрид.

Реваншот на „Камп Ноу“ е закажан за 3 март, меѓутоа прашање е што Барселона може да направи, па и да ги има во тимот Рафиња, Педри, Рашфорд, Гави…сите оние кои недостасуваа на „Метрополитано“.