Младата Атанасовска не ја заврши велеслаломската трка на ЗОИ

Дерби

15/02/2026

14:10

223

Големина на фонт

а а а

Последниот македонски претставник на Олимписките игри во Италија е Јана Атанасовска, а младата скијачка за жал не успеа да го комплетира првиот свој предизвик во Кортина.

19-годишната Јана тргна амбициозно на велеслаломската трка, но по 22 секунди возења, таа за жал излета од стазата и остана без пласман.

За време на првото мерење на стазата, Атанасовска имаше заостанување од 1,45 секунда од водечката Брињоне, но набрзо после тоа излета од стазата и го заврши својот настап на велеслаломската трка.

Тоа значи дека Јана нема да ја гледаме на втората трка која ќе се вози денеска подоцна, па сега останува уште нејзиниот настап во дисциплината слалом.

Трката во слалом е закажана за 18-ти февруари, а тоа воедно ќе биде и последен настап за еден македонски натпреварувач на овие Олимписки игри во Италија.