Судијата Федерико Ла Пена наседна на симулацијата на Алесандро Бастони и му покажа втор жолт картон на Пјер Калулу, а бидејќи правилникот во Италија вели дека не може да се прегледуваат вакви ситуации со ВАР за жолти картони, Јувентус остана со играч помалку на големото италијанско дерби.
Лошата одлука на Ла Пена фрли црна дамка на возбудливиот натпревар кој заврши со резултат 3:2, па по бурата реакции кои пристигнаа од Торино, со изјава се јави и италијанскиот шеф на судиите.
Џорџо Кјелини побара оставка од Џанлука Роки за серијата грешки на судиите и ВАР системот во последно време, а откако беше јавно прозван од директор на Јувентус, поранешниот елитен италијански судија се огласи во јавноста и ја призна грешка на Ла Пена.
– Навистина многу жалиме за инцидентот што се случи и за целиот исход на ситуацијата. Одлуката на Ла Пена беше очигледно погрешна, а жалиме и за тоа што не можеше да се активира ВАР. Ла Пена е исклучително разочаран, а ние сочувствуваме со него во овие моменти.
– Сепак, Ла Пена не е единствен кој погреши, во таа ситуација има играч кој симулира и кој се обидува да не измами. Ова е уште една ситуација во која играчите се обидуваат да ги измамат судиите, – изјави Роки.






