Сопругата на Леброн Џејмс мета на критики: Сè поради нејзината љубов кон стриптизот

Точка

12/02/2026

10:30

892

Големина на фонт

а а а

Сопругата на славниот Леброн Џејмс (41), Савана (39), гостувала во поткастот „Everybody’s Crazy“ и само една нејзина изјава била доволна за лавина од коментари на социјалните мрежи и критики на нејзина сметка.

„Ги обожавам стриптиз клубовите и не разбирам зошто луѓето имаат проблем со тоа. Едноставно ги обожавам“, рекла Савана и открила дека најдобро се опушта таму.

Покрај тоа, таа ги споделила и градовите каде што се според неа се наоѓаат најдобрите клубови, односно Атланта и Хјустон.

Се очекуваше дека таквата изјава ќе привлече многу негативни коментари, а критичарите најмногу се осврнале на фактот дека Савана има ќерка.


„Никогаш не би сакала да ја слушнам мајка ми да зборува вака“, „Ова е срамота“, „Тоа е приватна работа, можеше да ја чува за себе“, коментираа корисниците на социјалните мрежи.


Инаку Леброн и Савана Џејмс имаат три деца заедно, кои имаат 21, 18 и 10 години, а со години се сметаат за еден од најхармоничните парови. Кошаркарот повеќе пати во интервјуа нагласил колку му значат бракот и семејството.