[ФОТО] Заборавената лимузина на „Bugatti“: Имаше W16 мотор и часовник од 100.000 евра

Точка

10/02/2026

21:54

369

Големина на фонт

а а а

Луксузна лимузина која никогаш не влезе во производство.

Во музејот „Autostadt“, покрај фабриката на „Volkswagen“, повторно беше претставен еден од најнеобичните проекти на „Bugatti“ – концептот „Bugatti Galibier“, луксузен седан со W16 мотор кој никогаш не стигна до сериско производство.


Автомобилот, претставен во 2009 година, е заснован на механичката платформа на „Bentley Arnage“, но доби целосно нова каросерија, ентериер и уникатен погонски склоп.


Под хаубата се наоѓаше 8.0-литарски W16 мотор со моќност од околу 1.000 коњски сили, способен да работи и на етанол.


За разлика од „Veyron“ со четири турбини, овој мотор беше прилагоден за посилен вртежен момент при пониски вртежи, што одговара на луксузен гран турер.


Кабината беше фокусирана на максимален луксуз: врвна кожа, полирано дрво и дигитална инструмент-табла, додека патниците на задните седишта имаа сопствен екран и одвоени седишта.


Посебен детаљ беше механички часовник вреден околу 100.000 долари, интегриран во инструмент-таблата и замислен да може да се извади и да се носи на рака по потреба.


Иако „Galibier“ предизвика голем интерес, „Bugatti“ се откажа од сериската верзија за да не ги збунува купувачите и одлучи да продолжи со развој на хиперавтомобили како „Chiron“, оставајќи го овој луксузен седан како уникатен и денес речиси заборавен концепт.