Причината пред сè е растот на цените – просечната цена на нов автомобил во 2025 година изнесувала речиси 51.000 долари.
Купувањето нов автомобил во САД станува сè понедостижно за просечните купувачи. Најновите податоци покажуваат дека сè поголем дел од пазарот го сочинуваат купувачи со високи приходи, додека уделот на оние што заработуваат помалку од 100.000 долари годишно значително се намалува.
Според анализа објавена од „Cox Automotive“, уделот на купувачи на нови автомобили со приходи под 100.000 долари паднал од 50 проценти во 2020 година на околу 37 проценти во 2026 година.

Во исто време, уделот на купувачи кои заработуваат повеќе од 200.000 долари пораснал од 18 на 29 проценти.
Причината главно е растот на цените – просечната цена на нов автомобил во 2025 година била речиси 51.000 долари, дополнително зголемена од повисоки трошоци за осигурување и финансирање.

Проблемот дополнително го влошува исчезнувањето на поевтините модели, бидејќи производителите ги укинуваат малите лимузини и компактните автомобили, фокусирајќи се на поскапи и попрофитабилни сегменти. Истражување на консултантската куќа „Plante Moran“ покажува дека третина од Американците повеќе воопшто не можат да си дозволат нов автомобил, додека сè поголем број купувачи прифаќаат месечни рати поголеми од 1.000 долари.
Аналитичарите предупредуваат дека потпирањето на индустријата врз побогатите купувачи на долг рок може да го намали вкупниот пазар, бидејќи сè поголем број потрошувачи постепено се исклучуваат од сегментот на нови возила.






