Еден од најинтересните и највпечатливи настани од зимската сезона се одржа во кинескиот град Харбин, пренесоа кинеските медиуми.
Во тематскиот парк Харбин Поларленд беше организирана парада на пингвини – настан што веќе стана традиција на паркот и секоја година на посетителите им носи атмосфера на вистинска зимска бајка.
За време на парадата, пингвините беа претставени во специјални костими и со лептир-вратоврски. Вработените во паркот ги надгледуваа и во уреден ред ги водеа пред публиката.
Penguin Parade in Harbin Polar Park
— RT (@RT_com) February 9, 2026
Special New Year event blends science and show, turning penguins into both performers and teachers pic.twitter.com/Un6ixE4oz4
Уникатниот од на пингвините и нивниот изглед предизвикуваа насмевки кај гледачите. Понекогаш делуваа како сериозни „поларни благородници“, а понекогаш едноставно остануваа – пингвини.
Харбин Поларленд е еден од првите тематски паркови посветени на поларни животни и арктички пејзажи. Затоа сите програми и манифестации се приспособени, како што наведуваат организаторите, на „духот на последните глечери“.

Зимските настани во Харбин се познати не само по парадата на пингвини, туку и по фестивалот на мраз и снег. Секоја година на овој фестивал се создаваат огромни градби од снег и мраз.
Во вечерните часови, осветлените инсталации го претвораат градот во бајковит свет. Минатата година најмногу внимание привлече скулптура на снешко, висока речиси колку осумкатница.

Градот Харбин успеа зимата да ја претвори не само во студено годишно време, туку во голем визуелен и културен спектакл. Додека парадата на пингвини донесе радост, ледениот град и понатаму продолжува да ги воодушевува посетителите.
Ваквите настани ја прават зимата пријатна и незаборавна за сите што ќе ги доживеат.











