Огранокот на „Volkswagen“ задолжен за комерцијални возила ја претстави новата врвна верзија на моделот „Transporter“, која носи изразен „GTI“ дизајн, но без зголемување на моќноста на моторот.
Новата варијанта наречена „Sportline“ пред сè е фокусирана на изгледот и опремата, а достапна е во патничко комбе и класична фургон верзија, со кратко и долго меѓуоскино растојание.
„Transporter Sportline“ доби поагресивни надворешни додатоци, ексклузивни 19-инчни фелни со ознаки „Sportline“, како и спортско потпирање со „Eibach“ пружини кое го спушта возилото за 29 мм.

Препознатлив детал е и дводелниот кровен спојлер одзади, додека црвената линија на маската на ладилникот потсетува на моделите „Polo GTI“ и „Golf GTI“.

Во стандардната опрема влегуваат и „matrix LED“ фарови, кровни носачи, загреан волан и осветлени алуминиумски лајсни на праговите, заедно со бројни црни декоративни елементи со високосјајна завршна обработка, пренесува „B92“.

Иако изгледа поспортски, „Sportline“ не носи дополнителни перформанси. Без разлика на изборот на погон – дизел, plug-in хибрид или целосно електрична верзија – моќноста останува иста како кај стандардните модели.

„Volkswagen“ сличен пакет нудеше и кај претходната генерација на „Transporter“, а новата верзија ја продолжува истата филозофија: спортски стил без механички промени.












