[ФОТО] Британец сам си направил протетска нога: Заштедил повеќе од 40.000 евра

Точка

05/02/2026

19:09

479

Големина на фонт

а а а

Британецот Алекс Јанг на кого во 2025 година му била ампутирана ногата, си направил протеза користејќи делови купени преку интернет.

Јанг за „GB News“ изјавил дека протетичката нога ја склопил за околу 120 евра, користејќи делови купени преку платформите Амазон и иБеј, откако му било кажано дека специјализирана протетичка нога за трчање би чинела и до 35.000 фунти (околу 40.600 евра).

Тој навел дека минатата година останал без десната нога под коленото поради инфекција на коската, предизвикана од стара фудбалска повреда, по повеќегодишни болки.


Британската Национална здравствена служба (НХС) му обезбедила стандардна протеза, но не и таканаречена „тркачка“ протеза.

„НХС ви дава протеза, но во зависност од нивото на активност постои ограничување на тоа што можат да го обезбедат. Сакав да истрчам трка од пет километри во хуманитарни цели, но не можеа да ми обезбедат тркачка протеза“, рекол Јанг.


Тој додал дека не сакал да чека уште една година за да добие соодветна протеза, па решил сам да ја направи.

Јанг, кој по образование е инженер, истакнал дека при изработката користел оригинални протетички компоненти, вклучувајќи карбонско стапало со пружина и хидрауличен механизам што овозможува поврат на енергија и амортизација при одење и трчање.


Според неговите зборови, изработката на протезата имала и позитивно влијание врз неговото психичко закрепнување по ампутацијата, бидејќи му овозможила да остане активен и побрзо да се врати на физички активности.