Хејли Бибер блесна на црвениот тепих, а сега продолжува со исто темпо, само во малку полежерно издание.
Џастин и Хејли Бибер се појавија заедно на 68-то доделување на Греми наградите и блескаа на црвениот тепих, иако пејачот подоцна го доби своето место на сцената и речиси ја остави сопругата во сенка.

Убавата Хејли блесна во таа пригода во елегантен црн фустан, а сега воодушеви со најновите папарацо фотографии.
Моделот бил забележан на улиците на Лос Анџелес откако застанала на кафе во популарниот ресторан „Леора“ во Беверли Хилс и ги покажала своите совршено обликувани стомачни мускули.

Кратката маичка во комбинација со фармерки била хит, а ако земеме предвид дека Хејли ја носела без градник - никој не ја погледнал маичката.
Иако станува збор за две сосема спротивни изданија, едното на црвениот тепих, другото на улица во опуштено дружење со пријатели, Хејли и двете комбинации ги носела на свој и оригинален начин.
hailey bieber in los angeles pic.twitter.com/BbizfiUCuj
— best of hailey bieber (@archiveshailey) February 4, 2026
Повторно нејзината фигура била во преден план, па немало човек што не ги погледнал извајаните стомачни мускули на згодниот модел и претприемач.
Што мислите вие за овие модни изданија на Хејли Бибер?








