Фенербахче му се заблагодари на турскиот претседател за трансферот на Канте

Дерби

05/02/2026

08:03

257

Големина на фонт

а а а

Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте ќе биде големо засилување за Фенербахче, но очигледно дека турскиот клуб добил и мала политичка помош за реализацијата на овој трансфер.

По компликациите кои се веќе минато, Канте доаѓа во Истанбул од редовите на Ал Итихад, а веднаш по потврдата на трансферот, Фенербахче преку своите профили на социјалните мрежи објави специјална благодарност за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ваквиот потег дефинитивно е несекојдневен, но турските медиуми пренесуваат дека Ердоган имал своја улога во реализацијата на трансферот, директно лобирајќи кај властите во Саудиска Арабија.

Ал Итихад е еден од клубовите кои се под директно менаџирање на државен фонд, односно државата, па наводно Ердоган морал да побара клубот од Џеда да се согласи на откажување од услугите на Канте.

Истовремено, во редовите на Ал Итихад заминува Јусеф Ен Несири, кој пак ќе го замени Карим Бензема.