Фудбалер на Албасете направи споредба: Играта на Реал е похаотична од таа на Барселона

Дерби

05/02/2026

08:02

234

Големина на фонт

а а а

Албасете го шокираше Реал Мадрид во шпанскиот Куп, но вчера не успеа да го повтори подвигот и во дуелот со Барселона.

Каталонците мораа добро да се помачат за победа од 2:1, но на крајот ја остварија целта и го елиминираа противникот, во чии редови единствениот гол беше дело на Хави Морено.

Токму Морено по натпреварот направил споредба меѓу двата последните противници во Копа дел реј.

– Да играш против Реал и Барса има сличности, но и разлики.

– Двете екипи се исполнети со ѕвезди кои можат да продуцираат магија во некој момент, но мислам дека во играта на Барса има повеќе ред од таа на Реал Мадрид.

– Во Реал се е похаотично, па иако играта на Барса полесно може да се прочита, тешко е да дојдеш до топката бидејќи нивните додавања се неверојанто прецизни, – рекол Морено.