[ФОТО/ВИДЕО] Малиот остров во Јадранското Море многумина го сметаат проколнат: Посетите се забранети, а фотографиите од урнатините - застрашувачки

Точка

30/01/2026

18:32

691

Големина на фонт

а а а

Повеглија, мал остров сместен помеѓу Венеција и Лидо во Северна Италија, крие темно минато и многумина го сметаат за едно од најопседнатите места во светот.

Островот Повеглија се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во Венеција, а е целосно напуштен и забранет за посета.


Со векови, островот служел како засолниште, карантин за заболените од чума, психијатриска болница… Според податоците на „Нејшенал џиографик“, на островот починале околу 100.000 жртви на чума. Повеглија е многу привлечен за љубителите на паранормалното, иако посетите се забранети.



Половина од тлото на островот го сочинуваат човечки остатоци

Некогаш, на овој остров живееле 160.000 луѓе, а сите имале нешто заедничко – биле сериозно болни и протерани на островот за да не ги заразат другите. Тие немале што да прават таму освен да ја чекаат смртта. Пред неколку години, било докажано дека повеќе од половина од тлото на островот се состои од човечки остатоци, што најдобро кажува колку долго траела практиката на доведување болни луѓе.


Археолозите пронашле масовни гробници на блиските островчиња Лацарето Векио и Лацарето Нуово, во кои биле пронајдени остатоци од луѓе кои страдале од чума.

Карантин на островот

Повеглија првпат се спомнува во 421 година, кога Падовани и Есте нашле заштита од варварите на тој остров. Во деветтиот век, населението на островот се зголемило, но по нападот на џеновската флота на Венеција, населението било преместено во Џудека. Во 1776 година островот паднал под надлежност на Канцеларијата за јавно здравје и станал контролен пункт за стоки и патници што патувале со брод до и од Венеција.


По неколку случаи на чума на бродовите во 1793 година, островот бил претворен во место за карантин. Наполеон Бонапарта ја прогласил оваа улога на островот за трајна во 1805 година, а девет години подоцна болницата била затворена.


Островот повторно станал карантин во 1922 година, кога постојните згради биле претворени во ментална болница, а се шпекулирало дека таму биле подложени на лоботомија. Болницата била затворена во 1968 година, а островот бил напуштен. Лекарот што ги „лекувал“ пациентите извршил самоубиство скокајќи од болничката кула.


Островот Повеглија денес е речиси целосно ненаселен и затворен за туристи.