Доколку се прашувате по што ве паметат и препознаваат луѓето, одговорот може да го добиете токму преку овој тест на личноста.
Понекогаш таа сила ни е јасно видлива, а понекогаш останува скриена и се открива само во одредени ситуации или преку начинот на кој другите нè гледаат, пишува „Сенса“.
Но, дали вие ја знаете вашата главна особина?
Овој тест нема за цел да даде конечен и строг портрет на вашиот карактер. Неговата задача е нежно да ги истакне вашите внатрешни квалитети, кои потоа можете посвесно да ги користите во односите, работата и личниот развој. Визуелните симболи помагаат брзо да се воспостави контакт со потсвеста, а вашиот избор е интуитивен и го одразува оној дел од личноста кој во моментов е најактивен и најзначаен.
Од научен аспект, психолошкиот тест е метод што се користи за мерење и проценка на различни аспекти од човековото однесување, способности, црти на личноста и ментално функционирање.

Погледнете ја сликата и изберете еден од четирите симболи што најмногу ви се допаѓаат. Верувајте му на првиот впечаток.
Симбол 1
Вашата најсилна особина е харизмата. Создавате лесна и пријатна атмосфера и правите луѓето околу вас да се чувствуваат опуштено и прифатено. Благодарение на тоа, лесно ги освојувате другите и отвoрате нови можности во различни области од животот.
Симбол 2
Вие сте личност од доверба. Вашата добрина, способноста внимателно да слушате и да чувате тајни ве прават сигурен ослонец за блиските. Луѓето ја ценат вашата поддршка и се трудат да одржат топла и долготрајна врска со вас.
Симбол 3
Вашата сила лежи во искреноста. Зборувате и постапувате отворено, ги цените правдата и вистината. Поради тоа, другите ве доживуваат како принципиелна и доверлива личност, на која може безусловно да се потпрат.
Симбол 4
Сигурни сте во себе и во своите способности. Храброста, самодовербата и подготвеноста да преземете ризик ви помагаат да ги остварите вашите соништа, и на личен и на професионален план. Не се плашите да ја преземете одговорноста за сопствениот пат.








