Навидум едноставна мапа споделена на социјалните мрежи повторно отвори стара географска тема - каде всушност се наоѓа „срцето на Европа“?
Картата покажува радиус од 1.000 километри со центар во Прага, а резултатот изненади многумина, дури 36 земји се наоѓаат во тој простор.
Важна стратешка позиција
Иако станува збор за чисто географија, визуелната претстава силно потсетува на стратешката позиција на чешката престолнина. Прага е речиси совршено позиционирана на раскрсницата на Стариот континент што објаснува зошто низ историјата се развивала како еден од клучните сообраќајни, културни и политички центри на Европа.
There Are 36 Countries Within 1,000km of Prague
Posted by Brilliant Maps on Sunday, January 18, 2026
Во кругот од 1.000 километри е опфатена речиси целата област на Централна Европа, но и големи делови од Западна и Јужна Европа како и одредени региони на Северот и Истокот. Таквата позиција овозможува да се стигне до некои од најважните метрополи од Прага за релативно кратко време.
Картата со 36 земји во радиус од 1.000 километри нè потсетува и на релативната просторна компактност на Европа, каде што националните граници се блиски, а растојанијата меѓу големите градови често се помали отколку што се претпоставува. Во овој контекст, Прага се појавува како речиси „идеална географска централна точка на континентот“.
„Ова само потврдува дека Прага е буквално во срцето на Европа“, коментиал еден од корисниците на Фејсбук на картата.
Постојат повеќе „кандидати“
Сепак, важно е да се напомене дека Прага не е единствениот град што се нарекува „срце на Европа“, бидејќи тоа зависи од критериумите што се користат.

Според чисто географски пресметки, во зависност од тоа како се дефинирани границите на континентот, центарот на Европа може да се наоѓа и во Литванија (во близина на Вилнус), Словачка, Полска, па дури и во западна Украина. Секоја од овие локации се базира на различен метод на пресметка без разлика дали се земаат предвид островите, брегот на континентот или само копнената маса.
Од друга страна, во однос на историското и културното значење, градовите како Виена, Прага и Будимпешта често се сметаат за „срце на Европа“ бидејќи со векови биле клучни места за средби на луѓе, култури и политички влијанија.
Во политичка и институционална смисла, таа улога денес ја игра Брисел, како седиште на најважните институции на Европската Унија.








