Европската унија ја забранува употребата на предметот што сите го имаме во домовите – а сè уште нема подобра алтернатива

Кармин

29/01/2026

21:22

1.075

Големина на фонт

а а а

По пластичните кеси, на ред доаѓаат пластичните саксии/садови во кои се продаваат растенијата.

Европската унија во „Европскиот зелен договор“ (ревизија на Директивата 94/62/ЕЗ за амбалажа и отпад од амбалажа – REFIT) го ревидираше законодавството за амбалажа. Целта е да се намали количината на отпад и да се стави поголем фокус на амбалажа за повеќекратна употреба. Првиот чекор беше, на пример, забраната на пластичните кеси за купување во 2022 година.

До 2030 година се планира забрана и на други пластични производи. Во тоа, покрај тенките пластични кеси, спаѓаат и садовите/саксиите од пластика во кои растенијата се нудат на продажба на пазари и во супермаркети.


Заднината на ова е што, во тој случај, станува збор за производ за еднократна употреба. Досега од забраната беа изземени „садови за цвеќе и растенија, вклучително и садови за сеење, кои се користат во различни фази на производството или се наменети да се продаваат заедно со растението“. Накратко, станува збор за значително поцврсти пластични садови кои често се ставаат во декоративни саксии.

Меѓутоа, новиот документ кој сè уште не е објавен, сега покажува: повеќе нема да има исклучоци. Тоа го пренесува Централниот сојуз за хортикултура (ZVG). Тие располагаат со документ од Европската комисија, според кој и ваквите саксии/садови за цвеќе во иднина треба да се класифицираат како амбалажа во смисла на новата ЕУ-уредба за амбалажа.

„Толкувањето на Комисијата е изненадувачки широко поставено и не се совпаѓа со листата на саксии/садови за цвеќе во прилогот на ЕУ-уредбата за амбалажа“, го критикувал проширувањето, заменикот на генералниот секретар на „ZVG“, Ханс Јоаким Бринкјанс.

Можни алтернативи

Новата регулатива не значи дека пазарите и продавниците повеќе нема да смеат да продаваат цвеќе. Само, се менува начинот/видот на понудата. На пример, за продажба би можеле да се користат садови од „индустриски компостибилни“ материјали.

Браншата во моментов сè уште тестира соодветни алтернативи на пластиката. Досега ниту една не се покажала доволно практична. Вистина, веќе постои биопластика, но таа често лошо се компостира. Решенијата од картон, од перспектива на Германската помош за животната средина (DUH), се условно соодветни.


„Еднократната амбалажа од картон не е еколошка алтернатива и притоа е сосема непрактична за транспорт на влажни растенија“, истакнал Томас Фишер од „DUH“.

Но, можно би било и решение со систем на повеќекратна употреба. Тоа, меѓутоа, би било поврзано со значителни дополнителни трошоци за трговците и дополнителен напор за купувачот. Садовите од теракота, додуша, се поеколошки, но се чувствителни и тешки, што би можело да ги зголеми и трошоците за транспорт.

Во секој случај, сè уште има време да се најдат соодветни алтернативи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk