[ФОТО] Заборавете ги тесните модели: Ова се фармерките што им прилегаат на сите, а може да се носат и за посвечени пригоди

Кармин

03/04/2026

14:16

387

Големина на фонт

а а а

Мислите дека фармерките повеќе не можат да ве изненадат? Миранда Кер го покажува спротивно – и нуди решение како во 2026 година да изгледате средено, модерно и неоптоварено од трендовите.

Нејзиниот уличен стил (street style) нуди јасна лекција: добриот крој го менува целиот стајлинг.

Австралиската манекенка обичната прошетката по улиците на Њујорк ја претворила во мал моден момент што не поминал незабележано. При излегувањето од хотелот изгледала самоуверено, а нејзиниот стајлинг уште еднаш потврдува дека клучот е во промислени, но ненаметливи комбинации.


Во преден план биле „Khaite“ фармерките со широки ногавици, модел што веќе извесно време доминира на улиците на модните метрополи, но сега добива уште попрефинет пресврт.

Фармерките како темел на добар изглед

Високиот струк, темниот тексас и широките ногавици создаваат силуета што ја издолжува фигурата и делува поелегантно од класичните тесни модели. Токму затоа овој крој сè почесто ги заменува „skinny“ (тесните) фармерките, кои полека излегуваат од фокусот.


За секојдневниот живот тоа значи поедноставен стајлинг, а еден ваков пар фармерки лесно се вклопува и во деловни и во лежерни комбинации.

Едноставно, но ефектно

Кер ги искомбинирала фармерките со кадифено сако од брендот „Nili Lotan“, со што постигнала суптилен контраст меѓу дневниот и вечерниот впечаток. Одоздола носела едноставна црна блуза, задржувајќи го целиот изглед минималистички.


Очилата за сонце од „Диор“ внесоа доза гламур, додека чантата со дезен ја разбила монохроматската палета. Чевлите со ниска потпетица дополнително ја нагласија издолжената линија на ногата, што кај ваквиот крој е особено важно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk