[ФОТО] Провокација со стил: Пејачката Мартија Станојковиќ со „жешка“ фотосесија и смел и заводлив изглед

Точка

27/01/2026

13:38

1.453

Големина на фонт

а а а

Младата пејачка Мартија Станојковиќ освен по својот глас којшто навистина плени, позната е и по своите модни изданија кои без сомнеж привлекуваат внимание каде и да се појави.

Кога станува збор за модата таа секогаш има впечатлив вкус којшто не може да остане незабележан.

Овојпат Мартија објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил со кои уште еднаш покажа до каде може да оди нејзиниот вкус за мода.


Забележливо е дека по многу години младата пејачка ја скрати и својата коса, а неодамна во видеообраќање на Инстаграм истакна дека ѝ било потребно подолго време за да се реши на тој чекор.

Заводливите фотографии кои ги објави овојпат се уште еден доказ дека Мартија навистина зрачи. Таа позира во провокативно издание, но и издание во кое заведува со поглед.


За потсетување, младата пејачка неодамна ја промовираше и дуетската песна „Недоглед“ со Роберт Билбилов која беше одлично прифатена кај македонската публика.