[ФОТО] Ова се долгогодишниот колумбиски репрезентативец и неговата ќерка: Тој е само 12 години постар

Точка

27/01/2026

17:20

837

Големина на фонт

а а а

Популарниот колумбиски фудбалер Едвин Кардона, кој за репрезентацијата на оваа земја има дури 45 настапи е во центарот на вниманието откако во јавноста се прошири сосема бизарна приказна за неговото семејство.

Едвин Кардона (33) моментално игра за најголемиот колумбиски клуб Атлетико Насионал. Токму таму ја започнал кариерата, а потоа настапувал и за најголемите јужноамерикански клубови, како Бока Јуниорс, за во 2024 година да се врати во својот матичен клуб.

Овој долгогодишен репрезентативец на Колумбија, сепак, најинтересната приказна ја крие во своето семејство. Имено, Кардона е само 12 години постар од својата ќерка.


Откако неговата најстара ќерка Ана наполнила 21 година, објавите станале вирални.

Кардона има три деца, а ќерката Ана била зачната кога тој имал само 11 години, а неговата тогашна девојка Каролина Кастањо имала само 14 години. Парот од младоста на крајот стапил во брак.

Инаку, во Колумбија законската возраст за брак била зголемена од 14 на 18 години дури во 2024 година.


Каролина и Едвин имаат уште две деца. Марија Анхел Кардона Кастањо е нивното второ дете и има 14 години, додека синот Емилијано е најмладиот кој има 11 години.