Познатата актерка Јана Стојановска, сестра на актерката Ана Стојановска, прерано го изгуби својот татко, исто така познат актер Ненад Стојановски, кога имала само 13 години.
Таа на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од нејзиниот татко и на некој начин повторно го оживеа споменот за него. Тој беше еден од омилените и најпочитуваните во тоа време на македонската јавна сцена, но и пошироко.
Ненад почина во Скопје на 14 јули 1998 година, на само 46-годишна возраст.
Беше сопруг на актерката Силвија Стојановска, татко на Јана и Ана Стојановски.
Posted by Jana Stojanovska on Sunday, January 25, 2026
Изјава на Јана Стојановска за нејзиниот татко:
„Мојот татко Ненад е како некој суперхерој од некој филм од некое друго време... не сум ни сигурна дали постоел, од што беше посебен. Ден-денес луѓето зборуваат со жар за него и не сум сретнала никој друг да зборува за кого било како што луѓето зборуваат со воодушевување за него и со таква леснотија го фалат и мажи и жени.

Уште не ми е јасно зошто таа лекција така... се надевам ќе ми стане јасно еден ден. Тоа што силно чувствувам како минува времето е колку сум негова, генетски, пред сѐ. Јас од него наследив да можам да го пренесам тој талентиран ген на следните генерации“, изјавила Јана во неодамнешно интервју за „Слободен печат“.








