[ВИДЕО] „Секое утро го јадев ова за појадок и воопшто не бев гладна“: Нутриционистка открива како ослабела 45 килограми

Кармин

22/01/2026

13:14

763

Големина на фонт

а а а

Нутриционистката Алекс открила како успеала да симне 45 килограми со помош на овој појадок.

Нутриционистката и фитнес инструкторката Алекс споделила на ТикТок што јадела секое утро во периодот кога успеала да изгуби дури 45 килограми. Како што вели, клучот на нејзиниот успех бил едноставен, заситен и однапред подготвен појадок. Станува збор за домашни бургери со јајца и месо, за кои тврди дека се вкусни од популарните од ланците на брза храна.

„Овој појадок го јадев секој ден додека слабеев“, рекла Алекс во видеото и додала дека здрава исхрана не мора да биде монотона и без вкус. Бургерите ги подготвува однапред, во количина доволна за две недели. Една порција има околу 383 калории, со висок удел на протеини, умерени јаглехидрати и масти.

Како го подготвува појадокот:


Најпрво подготвува плескавици. Од еден килограм мелено месо добива 10 порции, кои ги зачинува со сол, кромид, лук и бибер. Секоја порција ја мери прецизно на 100 грама за да калориите бидат изедначени. Плескавиците ги пече на добро загреана тава. Јајцата ги подготвува на посебен начин – жолчката благо ја пробива и делумно ја меша со белката.

Составување и чување

На долниот дел од лебчето става малку бургер сос, потоа плескавица, кашкавал, пржено јајце и го покрива со горниот дел од лебчето. Секој бургер го завиткува во хартија за печење и го става во замрзнувач. Вечерта пред консумација, бургерот го префрла од замрзнувач во фрижидер. Наутро, завиткан во хартија, го става директно во фритеза на топол воздух и пече 12 минути на 160°C. Резултатот е топол, крцкав бургер со растопен кашкавал.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 580.000 пати, а коментарите се полни со позитивни реакции и луѓе кои планираат да го испробаат рецептот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk