[ВИДЕО/ФОТО] Хелена и нејзиниот сопруг ја претвориле викендичката од 1980 година во дом од соништата: По една година реновирање глетката е неверојатно убава

Кармин

16/01/2026

19:40

635

Големина на фонт

а а а

Годината зад нив била напорна, но тие се повеќе од задоволни со резултатите. Хелена (56) и нејзиниот сопруг се одлучиле за потфат кој сега воодушевува илјадници луѓе кои ги следат на социјалните мрежи.

Тие одлучиле, наместо да купат веќе реновиран дом, да купат стара трисобна викендичка од 1890 година која барала нова шанса.

Била помала од она што го посакувале, трошна, запуштена и полна со траги од минатите децении. Но, Хелена го видела она што другите не го забележале.


„Беше мала, ѝ требаше многу внимание, но веднаш го видов потенцијалот. Ме воодушевија високите викторијански плафони и чувството на прозрачност“.

Откако знае за себе, Хелена сака да преуредува работи, затоа и не барала готово решение, туку предизвик, каков што била оваа викендичка.


Куќата се наоѓала на идеална локација, во мирен дел од градот, но сепак близу до сè што им е потребно за секојдневно функционирање. Кујната од 80-те, сивата боја што се лупела од дрвото, ѕидовите што делувале изморено – сè барало темелна промена.

Сепак, решиле во куќата да живеат една година пред реновирањето.


„Прво мора да живеете во просторот за да знаете што навистина ви е потребно“, вели Хелена. Во тој период чекале дозволи, избирале изведувачи и заедно со архитектот цртале планови кои совршено одговарале на нивните навики.

Реновирањето траело речиси една година – гаражата била срушена, била направена екстензија, биле поместени ѕидовите и потполно бил променет распоредот на просториите.

Резултатот што го добиле на крајот е за восхит.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk