Рутинската операција на колено се претворила во необична ситуација за Стивен Чејс од САД. По будењето од анестезија, деветнаесетгодишникот неочекувано почнал да зборува шпански, кој го учел само една година во училиште, на почетничко ниво
Лекарите и неговата сопруга биле зачудени од оваа случка, која и денес ги фасцинира стручњаците, пишува „Њуз минималист“.
Овој феномен е познат како синдром на странски акцент – ретко невролошко нарушување кое може да предизвика привремена промена на говорот или дури „префрлање“ на странски јазик. Иако звучи неверојатно, вакви случаи се забележани кај пациенти кои претрпеле трауматски повреди на мозокот, стресни ситуации или будење од анестезија.
Стивен не се сеќавал на настанот и сам бил збунет. Денес, на 33 години и како татко на тројца деца, тој раскажува дека во моментот кога почнал да зборува шпански бил целосно дезориентиран.
🚨 THIS MAN WOKE UP FROM SURGERY SPEAKING PERFECT SPANISH - BUT HE’S NEVER SPOKEN A WORD OF IT IN HIS LIFE
— HustleBitch (@HustleBitch_) December 8, 2025
This might be the craziest medical video online right now.
A husband comes out of anesthesia and immediately starts speaking fluent, natural, native-level Spanish.
His… pic.twitter.com/nnWAXkHu35
„Не се сеќавам дека зборував шпански, само памтам дека луѓето ме молеа да зборувам англиски“, рекол тој.
Неговото знаење на шпански било минимално – можел да брои до десет и да изговори неколку фрази.
Лекарите објаснуваат дека лицето со овој синдром не контролира кој јазик ќе го користи. Промената се јавува нагло и може да трае од неколку минути до неколку часа, по што говорот се враќа во нормала.
Стивеновото искуство се повторувало по секоја операција, што укажува на поврзаност со анестезијата и мозочните функции. Стручњаците сметаат дека честа изложеност на шпански јазик во текот на детството била клучен фактор.

„Мислам дека мојот мозок за време на операцијата ‘преминал’ на шпански поради средината во која растев. Иако како дете не го разбирав, постојано го слушав и мозокот всушност го запаметил“, објаснил Чејс, кој денес работи како адвокат.








