[ФОТО] Ова е најстуденото место на светот: Во зима, температурите паѓаат и до -70 °C, а снегот се задржува дури 9 месеци

Точка

07/01/2026

19:02

1.636

Големина на фонт

а а а

Загатката гласи вака… „Што е тоа поголемо од Соединетите Американски Држави, најстудено на светот и го нарекуваат ‘земјата која спие’“?

Тоа е и дом на најдлабокото езеро во светот, низ него течат некои од најголемите реки во светот. Сето тоа, но и многу повеќе, е Сибир – неверојатно пространство од тајги, степи, тундра, пермафрост и планини, кое истовремено воодушевува, но и плаши. Во овој текст тргнуваме токму таму, во неверојатниот Сибир!

Поголем од целиот САД

Големината е една од најголемите сили на Сибир. Станува збор за огромна област што се протега на околу 13 милиони квадратни километри, што го прави поголем дури и од Соединетите Американски Држави. Го покрива поголемиот дел од северна Азија, вклучувајќи речиси целосно азискиот дел од Русија. Од север кон југ се протега приближно 3500 километри, од бреговите на Арктичкиот Океан па сѐ до планинските области во Казахстан и границите со Монголија и Кина.


Земјата која спие

Постојат две објаснувања зошто го добил името што го носи. Според една теорија, зборот Сибир потекнува од монголскиот јазик и значи „земја што спие“. Втората теорија вели дека Сибир го добил името по татарското племе Себер, односно по сложеница што значи „овде донесени луѓе“.


Дом на најдолгите реки во светот...

Како и да е, Сибир навистина е неверојатно место! Тој е дом на една четвртина од светските шуми, низ него течат дури четири од десетте најдолги реки во светот: Об, Лена, Амур и Јенисеј. Но, Сибир е и дом на најдлабокото езеро во светот – Бајкалското Езеро, кое инаку го нарекуваат и „Синото око на Сибир“. Полуостровот Камчатка, на пример, изобилува со вулкани, а во Сибир се наоѓа и најголемото светско мочуриште – Васјуганското мочуриште, кое се простира на 53 илјади квадратни километри.


Најладните села на светот

Сибир е и едно од најстудените места на светот; всушност, токму на неговата територија се наоѓа најстуденото населено место во светот – Ојмјакон кај Верхојанск, каде што температурите паѓаат на неверојатни минус 70 степени Целзиусови. Делови од Сибир се покриени со снег дури девет месеци во годината.


Најладниот светски град

Сибир е и дом на најстудениот град во светот – Јакутск, каде што температурите паѓаат и до 55 степени Целзиусови под нулата, а копањето двометарски гроб понекогаш може да трае и до три дена. Според легендата, на самиот Создател, кој патувал низ светот распределувајќи природни ресурси, таму му се замрзнале рацете... Од друга страна, летата можат да бидат жешки; на некои места температурите достигнуваат и до 40 степени.


Гигантски снегулки и наоѓалишта на дијаманти

Тоа е област каде што „владеат“ сибирскиот тигар и мечките, каде што се пронајдени 32.000 години стари остатоци од овошје, како и остатоци од денисовскиот човек. Тоа е место каде што во 1970-тите години, во градот Братск, биле забележани рекордно големи снегулки – широки дури околу 30 сантиметри! Во Сибир се наоѓаат 20 проценти од светските резерви на дијаманти, како и низа други вредни суровини.


Името кое предизвикувало страв во коските

Сибир, со оглед на својата големина, е исклучително ретко населен. На територијата на Сибир живеат само 23 милиони луѓе, и тоа концентрирани околу Транссибирската железница.


Некогаш споменот на ова огромно пространство будел посебен страв во коските. Имено, токму во Сибир постоеле страшни затвори и казнени логори каде луѓето умирале како муви…