Една од најпровокативните спортистки во светот ги потврди вестите што сите ги чекаа

Точка

02/01/2026

17:22

1.001

Големина на фонт

а а а

Јута Лердам, освојувачка на сребрен медал во брзо лизгање на Олимписките игри во Пекинг 2022, е потврдена како членка на холандскиот тим за Олимписките игри во Милано оваа година, каде што ќе настапи во својата најсилна дисциплина – 1.000 метри. Холандскиот национален селекторски комитет ја објави оваа вест во четвртокот, по нејзиниот драматичен настап на националните квалификации.

Лердам беше во опасност да остане без место во олимпискиот тим по драматичниот пад за време на трката на холандските квалификации на 26 декември, поради кој не успеа да ја заврши трката. Сепак, холандскиот комитет го потврди нејзиниот статус во репрезентацијата, најверојатно земајќи ги предвид нејзините силни резултати претходно во сезоната, меѓу кои и двете победи на 1.000 метри на „ISU World Cup“ во брзо лизгање.


Покрај Лердам, Фемке Кок и Сузан Шултинг, кои на квалификациите го освоија првото и второто место, ги обезбедија своите олимписки визи, со што беше комплетирана холандската женска постава за оваа дисциплина. Освен на 1000 метри, Лердам ќе се натпреварува и на 500 метри.


Со овие селекции, Холандија направи значаен чекор кон формирање конкурентен тим за претстојните Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во февруари.

Инаку, Јута е позната и по тоа што е девојка на Џејк Пол.