Далиќ нема да го следи чудниот пристап на Тухел: Тоа се коси со традицијата на фудбалот

Дерби

02/01/2026

14:23

262

Големина на фонт

а а а

Хрватска се најде во група со Англија, Панама и Гана и на хартија има изгледни шанси да ја мине првата фаза на Светското првенство, но селекторот Златко Далиќ е претпазлив во давањето прогнози за пласманот на „коцкестите“.

Предводникот на Хрватите е свесен дека не располага со генерација каква што имаше во 2018-та и 2022-ра година, меѓутоа верува дека и овој тим може да биде незгоден за било кој ривал ако се создаде посакувана хемија.

Хрватска повторно ќе се најде на патот на Англија и двете репрезентации ќе ги вкрстат копјата уште во групната фаза, а во воведните најави за тоа што ќе следи наредното лето, Далиќ даде коментар и за изјавата која ја имаше Тухел во врска со горештините кои ќе владеат во САД.

Англискиот селектор најави дека ќе ги остава резервните фудбалери во соблекувалната со цел да останат свежи за второто полувреме, но Далиќ не планира да го следи таквиот пример и најави дека ќе се држи до традицијата.

– Си разменив коментари со Тухел по ждрепката која се одржа и ми порача дека ние сме ривал кој би требало да биде програмиран за подоцната фаза на турнирот. Англија ќе биде голем предизвик, тие се најскапа репрезентација во светот, тие ја имаат најскапата лига во светот. Ќе ни треба многу сила и концентрација за да им парираме на првиот натпревар, – изјави Далиќ и додаде.

– Рутината која ја најави Тухел? Тоа е малку необично, иако размислував на тоа. Да бидам искрен, беше многу топло и во Катар, но праксата и традицијата налагаат дека резервите треба да бидат на клупата. Нашите играчи ќе бидат на клупата, – најави хрватскиот селектор.