Менаџерот на Сандерленд ја посочи главната разлика меѓу Арсенал и Сити

Дерби

02/01/2026

12:55

261

Големина на фонт

а а а

Сандерленд му зема „скалп“ и на Манчестер Сити и нанижа уште еден голем фаворит во листата на екипи со кои успеа да освои бодови, но што е уште поимпресивно, тимот кој го води Режис Ле Бри остана непоразен на домашен терен и по десет одиграни средби во англиската елита.

„Црните мачки“ го сопреа залетаниот Сити и успеаја да освојат бод во натпреварот кој заврши 0:0, а по крајот на истиот, Ле Бри добил шанса да ја коментира играта на двата тима кои се главни претенденти за титулата.

Сандерленд успеа да му откине два бода и на Арсенал на натпреварот кој се играше на „Стадионот на светлината“, но генералниот заклучок на Ле Бри е дека тимот на Артета изгледа подиректно и поклинички добро во завршната третина од теренот.

– Станува збор за два многу добри тима и на крајот ќе пресуди константноста. Како што е случај и обично, поуспешен ќе биде тимот кој ќе има континуитет на добри резултати. Станува збор за два тима со различни карактеристики, но и двата тима се конкурентни за титулата.

– Ако треба да се воочи разлика во неколку зборови, би кажа дека Арсенал е клинички подобар и подиректен во ситуациите кога треба да постигне гол. Нивната игра не се заснова само на пасови. Во случајот на Сити, може да го препознаете идентитетот на Пеп Гвардиола. Знам дека и Артета е Шпанец, но начинот на кој игра тимот на Гвардиола е импресивен, особено околу изградбата на акциите, – изјави Ле Бри.