„Не е „сељанка“ за да ги става оние акрилни ужаси“: Јелена Ѓоковиќ го подели интернетот со фотографија од нејзините нокти

Кармин

30/12/2025

11:47

1.070

Големина на фонт

а а а

Јелена Ѓоковиќ со една објава предизвика хаос на мрежите, а повод за толку коментари беше изгледот на нејзините нокти.

Јелена Ѓоковиќ привлече огромно внимание во Дубаи, каде најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја доби наградата „Globe Soccer Award“ за придонесот што го дал во спортот. На церемонијата беше во друштво на братот на Новак, Ѓорѓе.


На настанот, Јелена зрачела со елеганција – едноставен црн фустан под колена, црни потпетици, совршено исфенирана коса и нежна, минимална шминка. Повторно, Јелена испрати јасна порака: помалку понекогаш навистина е повеќе.

„Вечер за паметење. Толку сум горда на тебе“, порача Јелена во објавата на Инстаграм.


Нејзините нокти го поделија интернетот

Сепак, никој не можел да замисли дека една ваква вечер ќе се претвори во „катастрофа“ на мрежите, само поради една ситница.

Јелена ја фотографирала раката на која се гледа скапоцениот накит кој го носела, а многумина ги забележале нејзините дискретно налакирани и природни нокти.


Повод за „војна“ на интернет бил коментар на еден корисник на „Х“ кој гласи: „Јелена Ѓоковиќ со овој скап накит можела барем да ги налакира ноктите“.

По него, коментарите само се нижеле: „Да стави вештачки нокти, па да глуми српска елита? Е тоа е суптилната разлика“, „Погледни ги ноктите на Кејт Мидлтон па можеби ќе научиш нешто“, „Не можела, логично. Некој што толку внимание посветува на исхраната, е веган, води здрав живот, користи само природни препарати, сигурно нема да користи лак за нокти за кој сè почесто се зборува дека е штетен“, „Дискретно лакирани, не е таа „сељанка“ да ги става оние акрилни ужаси“, „Ти веројатно би ставила нокти како Ники Минаж“, „Немам ваков накит, но имам исти вакви нокти, без гел. Колку сум грешна?“, „Ноктите се уредни, не гледам проблем“...



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk