Зачната со силување и родена на плантажа со памук, пораснала во беда и сиромаштија: Потресната животна приказна на „највозбудливата жена на светот“

Кармин

26/12/2025

21:22

568

Големина на фонт

а а а

Животниот пат на пејачката и актерка Ерта Кит бил исполнет со подеми и падови. Поради своето мешано потекло, никогаш не била целосно прифатена во афроамериканската заедница. Имала возбудлив љубовен живот и афери со двајца познати холивудски актери, а поради своите политички ставови, нејзината кариера во САД била прекината.

Легендарната пејачка и актерка Ерта Кит ја испеа „Santa Baby“, еден од најпрепознатливите божиќни хитови, а почина токму на 25 декември, на католички Божиќ, во 2008 година.

Нејзината животна приказна е потресна, а сè започнало на 17 јануари 1927 година, кога се родила на плантажа со памук во Јужна Каролина. Живеела исклучително тешко со својата мајка, која уште во нејзиното рано детство била принудена да ја остави на чување кај роднини. Ерта тоа тешко го прифатила и мислела дека мајка ѝ никогаш не ја сакала.

Од друга страна, својот татко — белец — никогаш не го запознала, а била зачната со силување.


Пораснала во глад и сиромаштија, а како што еднаш открила за медиумите, имало денови кога немале што да јадат.

„Се сеќавам на период кога немавме апсолутно ништо за јадење. Тоа траеше бескрајно долго. Моравме да се потпираме на шумата и на она што ќе успеевме да го ископаме од земјата – коров или трева која имаше нешто слично на луковица на дното. Кога ќе најдевме такво нешто, тогаш бевме добро“, раскажала таа.

Поради своето мешано потекло, никогаш не била прифатена во афроамериканската заедница.

„Тие не разбираат дека јас не размислувам за себе како за црнка. Јас се гледам како личност која им припаѓа на сите. Сè додека се доживувате себеси како некој што припаѓа само на една раса, нација или религија, мора да бидете пристрасни… Мојот татко беше белец, моите баба и дедо беа Чироки Индијанци, мајка ми беше полуцрнка. Мојата крв е ваша и сечија, и да се биде пристрасен кон кој било дел од таа крв за мене е целосно бесмислено“, изјавила таа во интервју во 1971 година.


Љубовниот живот на дамата која режисерот Орсон Велс ја опишал како „највозбудливата жена на светот“ бил повеќе од турбулентен.

Ерта Кит во 1960 година се омажила за американскиот бизнисмен Бил Мекдоналд, со кого ја добила ќерката Кит Шапиро.

Бракот со белец траел помалку од четири години, но оваа врска уште повеќе ја оддалечила од дел од афроамериканската заедница, па често била доживувана како некој што „не припаѓа никаде“.

Во текот на животот била поврзувана и со актерот Џејмс Дин, со кого признала дека имала необврзувачка врска.

„Нашата љубов едноставно се случи. Станав негова блиска пријателка и го научив како да се однесува на сцена. Бевме како духовен брат и сестра“, изјавила Ерта во еден документарец.


Работите станале уште поинтересни кога почнале да кружат гласини дека во нивниот однос бил вклучен и актерот Пол Њуман, па се шпекулирало дека тројцата имале групен интимен однос.

„Тој период во моето танцово студио спаѓа во едно од најнебесните искуства во мојот живот. Тие убавини ме однесоа во рајот. Никогаш не сум знаела дека водењето љубов може да биде толку прекрасно“, рекла Ерта во една прилика.

Што се однесува до нејзината кариера, уште на 19 години стигнала до Бродвеј, а потоа ја освоила и публиката во Лондон и Париз како кабаре-ѕвезда.

Се појави како Жената-мачка во серијата „Batman“ во 1967 година, а во 2000 година ги освои срцата на пошироката публика како Изма во анимираниот филм „The Emperor’s New Groove“.


Сепак, во САД нејзината кариера почнала да згаснува откако за време на ручек во Белата куќа во 1968 година отворено ја критикувала Виетнамската војна.

„Вие ги испраќате најдобрите од оваа земја да бидат убиени и осакатени. Тие потоа протестираат на улиците, пушат марихуана, се дрогираат. Не сакаат да одат на училиште затоа што ќе бидат оттргнати од своите мајки за да бидат испратени да загинат во Виетнам“, рекла Ерта.

Работите отишле толку далеку што ЦИА направила досие за неа, во кое била етикетирана како „нимфоманка“.

Десет години по стопирањето на нејзината американска кариера, се вратила на Бродвеј со мјузиклот „Timbuktu“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk