Во ноември 2023 година се породи пациентка на д-р Стојан Органџиски, на речиси 60-годишна возраст, по успешно спроведена ин витро процедура.
Во соопштението од болницата „Д-р Органџиски“ пишуваше дека бебето се родило со тежина од 3200 грама, по следена бременост од страна на медицинскиот тим во болницата.
Сега на својот Фејсбук профил, болницата сподели новогодишна честитка и неколку фотографии од жената со нејзиното детенце.
„Нашата гордост.
❤️Нашата гордост.
Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во нашата болница – не...
Posted by Болница Д-р Органџиски / Hospital Dr. Organdziski on Monday, December 29, 2025
Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во нашата болница – не поздравува за новогодишните празници со своето најголемо богатство во прегратка. Тоа мало, прекрасно дете е нејзиниот свет, а за нас е најголемата радост и најсилната потврда зошто никогаш не се откажуваме.
Во тие очи има радост што ја знаат само оние што долго чекале. Во таа прегратка има години надеж, трпение, борба и вера. Вера дека сонот ќе се оствари и покрај се. И се оствари!

Ова не е само медицински успех. Ова е победа на човечноста, на упорноста и на љубовта. Победа над стравовите, над годините, над сите што рекле „нема шанси“.
Таа денес живее живот исполнет со смисла, смеа и детска радост. А ние сме неизмерно благодарни што бевме дел од патот што доведе до ова чудо.

Нека оваа приказна биде надеж за сите што се уште чекаат. Нека биде потсетник дека чудата постојат, дека границите се поместуваат и дека љубовта особено мајчинската, нема возраст“, стои во објавата на профилот на „Д-р Органџиски“.

Инаку оваа родилка е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60-годишна возраст, ја донесе својата прва рожба.
Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори.