Кој е синот на Брижит Бардо? Го нарекувала тумор кој ја јадел: 22 години подоцна „ѝ сервирал“ ладна одмазда

Кармин

29/12/2025

14:54

1.012

Големина на фонт

а а а

Актерката и пејачка Брижит Бардо нè напушти вчера на 91-годишна возраст, а нејзиниот животен пат бил повеќе од турбулентен и возбудлив.

Се мажела четири пати и имала бројни афери, а низ животот се испробала во многу улоги, но една никогаш целосно не ја прифатила, а тоа е улогата на мајка.

„Не сум создадена да бидам мајка“ искрено напишала Брижит во своите мемоари од 1990-тите, „Initiales B.B“.

„Не сум доволно созреана – знам дека е ужасно тоа да се признае, но не сум доволно созреана за да се грижам за дете“ напишала таа.


Своето прво и единствено дете го добила во бракот со вториот сопруг, Жак Шарие, со кого била од 1959 до 1962 година.

Никола Жак Шарие е роден на 11 јануари 1960 година, за време на домашно породување во нивниот стан во Париз и тежел 3,3 килограми.

Уште за време на бременоста Брижит не се чувствувала како повеќето жени – благословено – туку како да носела огромен товар на плеќите.


„Го гледав мојот рамен стомак во огледалото како драга пријателка од која наскоро ќе се збогувам“ напишала Брижит за бременоста.

Како што рекла во своите мемоари пред бременоста што ја изнела до крај имала два абортуси, а еден бил речиси фатален.

Во книгата напишала и дека се обидела да се самоубие кога Шарие ѝ забранил да глуми, со цел до крај да ја изнесе бременоста.

„Сакав да се ослободам — во секоја смисла на зборот — сакав и не можев, затоа што бев заробеничка на моето премногу познато име и на посесивната природа на Жак, заробеничка на моето тело, моето лице, моето дете“ напишала таа.


Кога таа и Шарие се развеле во 1962 година, тој го задржал старателството над Никола, кого го одгледале претежно бабата и дедото од татковата страна.

„Не го одгледував Никола затоа што ми беше потребна поддршка, корени. Не можев да бидам коренот на Никола бидејќи и самата бев целосно искорната, неурамнотежена, изгубена во тој луд свет“ своевремено изјавила Брижит во едно интервју.


Кога Никола наполнил 12 години, ја посетил мајка си. Сакал да помине со неа извесно време, но таа решила да го врати кај татко му бидејќи таа вечер морала да оди на еден важен состанок. Потоа, Никола со години не сакал да ја види мајка си.

Пред да бидат објавени нејзините мемоари, Никола и Жак Шарие се обиделе да ги цензурираат деловите поврзани со нив, но не успеале, па деловите во кои Бардо го опишала Никола како „предмет на нејзината несреќа“ станале најпопуларни по објавувањето на книгата.


Шарие и Никола ја тужеле актерката поради нарушување на приватноста во мемоарите, во кои, меѓу другото, навела дека нејзиниот поранешен сопруг бил насилен, а бременоста со Никола ја споредила со „тумор што расте во мене“.

„Беше како тумор што ме јадеше, кој го носев во моето отечено тело“ напишала актерката во своите мемоари. Исто така, открила дека одбивала да го нахрани малиот Никола бидејќи не ѝ се допаѓала „улогата на медицинска сестра“.

Можеби врвот на ужасните изјави на Бардо за својот син е кога рекла дека „повеќе сакала да роди мало куче“ отколку бебе.


Парискиот суд подоцна ѝ наложил на Бардо да плати околу 40.000 долари отштета.

Подоцна, нејзиниот поранешен сопруг, Жак Шарие, ја напишал својата верзија на нивната врска, „Мојот одговор на Брижит Бардо“.

„Давајќи ја својата верзија на фактите, ѝ правам голема услуга“ изјавил Шарие за британскиот „Telegraph“.

„На некој начин, ја рехабилитирам. Реалноста на нејзината љубов кон Никола, потврдена со писмата што ги зачував, многу повеќе ѝ оди во прилог отколку ужасите што ги напишала“, додал тој.


Не е изненадувачки што односот меѓу мајката и синот бил многу напнат и затегнат, а како што пишувале медиумите, таа не била поканета на неговата свадба во 1982 година, ниту пак го видела речиси цела деценија.

Нивниот однос со текот на времето се менувал, а се верува дека се помириле откако таа првпат станала прабаба.

Исто така, нејзиниот последен сопруг Бернар д’Ормал имал големо влијание таа да поработи на односот со синот.

„Две недели откако се запознавме, Брижит го повика Никола, бидејќи сакаше да ме запознае и се договоривме да одиме да го видиме во Норвешка“ изјавил д’Ормал за списанието „People“ во 1992 година.

„Непосредно пред да тргнеме, таа рече: „Зошто да не се венчаме додека сме веќе таму?“ И така и направивме. Но тивко. Не сум човек за рефлектори. Само нашите блиски пријатели знаеја“, додал тој.

Бидејќи поминале низ „сито и решето“ и имале многу комплициран однос, откако се помириле, Брижит му ветила на својот син дека повеќе нема јавно да зборува за него во интервјуа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk