[ФОТО] „Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова со семејна фотографија ги разнежи обожавателите

Кармин

29/12/2025

18:24

946

Големина на фонт

а а а

Прославената тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат.

Иако сè уште не се познати ниту неговото името, ниту полот, славниот пар покажа како изгледа бебето.

Имено Ана објавила семејна фотографија на која се сите нивни деца, а убавите коментари, секако не изостанале.

Уште од порано многумина ги нарекуваат Ана и Енрике најубав пар во светот, па со самото тоа и нивните деца се „најубавите деца во светот“.


„Прекрасни се“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство во светот“, „Се гледа колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“ беа само дел од коментарите.

Не е познато кога Ана и Енрике ќе посакаат да откријат како се вика новороденото бебе, но веројатно ќе се обидат сè да задржат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што така постапувале со секое нивно дете.


Денес се познати како „обични“ родители кои се трудат нивните деца да водат „нормален“ начин на живот, иако се планетарно популарни.


Инаку Ана ја завршила својата професионална кариера во 2003 година, а од 2001 година е во врска со Иглесијас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk