Експертите за квалитет на живот ширум светот истакнуваат дека одредени земји нудат идеални услови за одгледување деца, благодарение на високите стандарди за образование, здравствена заштита, безбедност и социјални политики што го поддржуваат семејството.
На врвот на листата се Финска, Данска и Шведска, кои со години се сметаат за најпријателски настроени кон семејствата во Европа, пишува Телеграф.
Според најновите истражувања, десетте земји што се издвојуваат според овие критериуми се:
1.Финска;

2. Данска;
3. Шведска;
4. Холандија;
5. Норвешка;
6. Канада;
7. Нов Зеланд;
8. Швајцарија;
9. Германија;
10. Португалија.

Експертите нагласуваат дека овие земји комбинираат безбедна и стабилна средина за децата, квалитетни образовни системи, ефикасна здравствена заштита и социјални политики што им помагаат на родителите да ја балансираат работата и семејството.
Семејствата што планираат да се преселат или бараат место со најдобри услови за живот и одгледување деца можат да ја најдат оптималната комбинација од безбедност, квалитет на живот и родителска поддршка во овие земји.