Фудбалските ѕвезди кои се натпреваруваат во Ла Лига добија доста подолг божиќен одмор од вообичаено, а во ситуација кога натпреварувањето се враќа на стартот на 2026-та година, дел од фудбалерите заминаа на егзотични патувања.
Дин Хаусен ужива во далеку потопли температури од оние во Европа и ја искористи приликата за да биде дел од специјална зоолошка градина во која се сместени егзотични животни, истата таа која пред неколку години ја посети и Лука Модриќ.
Интересно, актуелниот стопер на Реал Мадрид реши да го прифати истиот предизвик кој го имаше Хрватот, но исходот беше идентичен.
Хаусен реши да влече јаже против тигар и едноставно немаше никакви шанси во дадената ситуација, а сличен резултат во минатото имаше и Лука Модриќ кој доби и помош од неколку деца.
Во дадениот случај станува збор за припитомен тигар кој е навикнат да има и посети во својот кафез, па Хаусен ја искористил приликата и за да се слика со него.







