Јувентус ќе жртвува една своја ѕвезда за да го обезбеди Тонали од Њукасл

Дерби

26/12/2025

14:20

274

Големина на фонт

а а а

Јувентус и натаму е фокусиран на идејата да го врати Сандро Тонали во Италија, а новиот тренер Лучијано Спалети и самиот е убеден дека италијанскиот репрезентативец може да му реши многу проблеми во средниот ред.

Тонали е под договор со Њукасл и јасно е дека за ваков трансфер се прашува и премиерлигашот, кој барем досега не сакаше да слушне за разделба со еден од своите најдобри фудбалери.

Но, покрај евентуалната желба и притисок од самиот Тонали да се врати на „чизмата“, Јувентус ќе се обиде да искористи еден друг адут поврзан со актуелниот ростер.

Се работи за Џонатан Дејвид, напаѓачот кој не го импресионирал Спалети и барем засега споро се адаптира на ситуацијата во Торино, а во ситуацијата би можел да биде интересно засилување за Њукасл.

Дејвид добива и висока плата од 6 милиони евра, која му создава проблем на Јувентус во преговорите со другите играчи, а фактот што дојде без отштета, го прави интересна опција за евентуален „олеснувач“ во преговорите за Тонали.