Реал пред разделба со двајца стопери, клубот веќе пикирал замени

Дерби

26/12/2025

13:58

380

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид веќе ја има активирано својата скаутинг мрежа во следењето на одредени фудбалери, а шпанскиот клуб ќе стави посебен акцент на дефанзивната линија и во летниот преоден рок.

Ангажманот на Хуисен, Карерас и Александер-Арнолд не е доволно за ростерот на шпанскиот клуб и обврските искомбинирани со повреди, а посебно што е најавено заминување на двајца дефанзивци во текот на летото.

Договорите на Давид Алаба и Антонио Ридигер истекуваат во јуни и шпанските медиуми тврдат дека случајот Алаба е затворен и тој нема да добие понуда да остане, додека Ридигер веројатно и сам ќе побара нов предизвик.

Германецот може да преговара за продолжување на соработката, но од двете страни постои по една дилема. Кај Реал тоа се честите повреди на дефанзивецот, додека кај Ридигер тука е желбата да игра во Саудиска Арабија и да добие финансиски услови кои не може ни да ги сонува во било кој европски клуб.

Во ваква ситуација, Реал следи повеќе имиња, но последните информации велат дека опциите Упамекано и Конате се прецртани, а клубот не е подготвен да лицитира со премиерлигашите за Геи.

Во моментов, најблиску до понуда од Реал се Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд и Жереми Жаке од Рен, 20-годишен француски дефанзивец кој веќе ги импресионирал скаутите на Реал.