Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека никогаш јавно нема да го открие идентитетот на мајката на својот син Кристијано Јуниор (15), а дека за тоа ќе разговара со него „кога ќе почувствува дека е вистинското време“.
Роналдо гостуваше во „The Jonathan Ross Show“, каде што се осврна и на оваа тема.
Тој истакна дека на јавноста не ѝ должи објаснување за тоа која е мајката на Кристијано Јуниор, а од порано е познато дека неговиот најстар син е роден со помош на сурогат-мајка (однос во кој една жена ја носи бременоста за лице или пар кои потоа го посвојуваат детето).
Ова славниот фудбалер сам го потврди пред околу десет години, но името на мајката на Кристијано Јуниор и понатаму останува непознато – и така ќе остане.
🚨 « 𝗝𝗘 𝗡’𝗔𝗜 𝗝𝗔𝗠𝗔𝗜𝗦 𝗥𝗘́𝗩𝗘́𝗟𝗘́ 𝗟’𝗜𝗗𝗘𝗡𝗧𝗜𝗧𝗘́ 𝗗𝗘 𝗟𝗔 𝗠𝗘̀𝗥𝗘 𝗗𝗘 𝗖𝗥𝗜𝗦𝗧𝗜𝗔𝗡𝗢 𝗝𝗨𝗡𝗜𝗢𝗥… 𝗘𝗧 𝗝𝗘 𝗡𝗘 𝗟𝗘 𝗙𝗘𝗥𝗔𝗜 𝗝𝗔𝗠𝗔𝗜𝗦. » 🙅♂️🗣️
— ActuCR7 (@ActuCR7_) December 25, 2025
Cristiano Ronaldo 🇵🇹 s’exprime sur le choix de garder privée l’identité de la mère de Cristiano Jr… pic.twitter.com/lF8sdvxJgv
„Никогаш не сум го открил идентитетот на мајката на мојот син Кристијано Јуниор и никогаш нема да го сторам тоа. Знам дека мојата мајка игра главна улога во мојот живот, но Кристијано Јуниор не мора нужно да ја има таа врска со својата мајка“, изјави Роналдо.
„Во светот има деца кои растат без мајка или без татко. Има деца чии родители починале и кои трпат злоупотреби. Кристијано Јуниор, од друга страна, нема само татко: има баба, ја има поддршката на моето семејство… и тоа е доволно.
Постојат работи што мора да останат приватни, а идентитетот на мајката на Кристијано Јуниор е една од нив. Познавањето на нејзиниот идентитет не би променило ништо во животите на другите луѓе“, додаде Кристијано.
Тој призна дека не знае зошто донел одлука неговиот прв син да биде роден со помош на сурогат-мајка.

„Не знам зошто го направив тоа. На светот не му должам објаснување за мојот приватен живот. Му ја должам вистината на мојот син, затоа што тој е мој син, и ќе разговарам со него кога ќе почувствувам дека е вистинското време. Сигурен сум дека ќе ме разбере кога ќе му ја кажам вистината за неговата мајка“, заклучи Роналдо.
Кристијано Јуниор денес има 15 години и е член на пионерскиот тим на Ал-Наср. Претходно настапуваше и за младинските категории на Манчестер Јунајтед и Јувентус, односно тимовите за кои играше неговиот татко.
Покрај Јуниор, Кристијано Роналдо има уште четири деца – Ева Марија, Матео, Алана Мартина и Бела Есмералда.







