Поранешна ѕвезда на Интер: Трипати се обидов да се самоубијам, ги видов своите деца после четири години

Дерби

21/12/2025

14:15

303

Големина на фонт

а а а

Фреди Гуарин беше дел од Интер во етапата во која великанот од Милано не освојуваше титули, но во периодот од 2012-та до 2016-та година, Колумбиецот дефинитивно беше еден од најдобрите во таборот на „нераѕурите“.

Гуарин воглавно го привлече вниманието како ѕвезда на Порто која освои десет важни трофеи со португалскиот великан, но откако ја заврши етапата во Интер, неговиот фудбалски пат почна да оди надолу до тој степен, што на крајот бараше утеха во родната земја.

Лошите изданија на професионален план беа проследени со огромен проблем во приватниот живот, а Гуарин сега нема проблеми да говори за својот порок кој целосно го оддалечил од семејството.

Колумбиецот открива дека станал алкохоличар за време на периодот во Интер, но ситуацијата дополнително се влошила во Кина, земја во која мина три сезони до 2019-та година.

– Во Интер почнав да пијам поради оддалеченоста од сопругата, а кога се преселив во Кина, мојата ситуација се влоши. Го губев семејството, моите деца беа далеку од мене и се чувствував одговорно за таа ситуација. Го нападнав и мојот татко, не бев при себе, цело време бев пијан. Кога и да го видам сега, го прегрнувам и му се извинувам, иако тој одамна ми прости. Размислував на самоубиство и три пати се обидов да се самоубијам.

– Бог беше со мене во тие ситуации, бидејќи во еден момент ги загубив сите најблиски. Еден ден пиев осамен во куќата, им вртев на сите што ги познавам, но никој не ми се јави. На крајот побарав помош од мојот агент и од психолог. Со нивна помош влегов во програма за одвикнување од алкохол, се вратив на вежбање после шест месеци и ги видов моите деца после четири години.

– Во фондацијата следев програм кој ми овозможи да се вратам на старите навики. Шест месеци по стартот на новата авантура ги видов моите деца за првпат после четири години. Им ги кажав сите мои слабости, не ми простија така лесно, но со тек на време ме разбраа. Сега работам во Фондацијата која ме спаси, заедно со мојот психолог. Сакам да го споделам мојот пример и да им помогнам на другите со слични проблеми, – открива Гуарин во интервјуто за „Кориере дела Сера“.