Реал Мадрид не брилјираше на последниот натпревар во 2025-та година, но сепак успеа да ја оствари целта и запиша победа против Севилја со резултат 2:0.
Средбата меѓу Реал и Севилја очигледно се покажа како добра прилика за Серхио Рамос да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а во дуелот на неговите две омилени екипи, славниот капитен на „кралевите“ гледаше победа на тимот на Чаби Алонсо.
Иако се мачеше, Реал ја потврди победата со гол од пенал на Килијан Мбапе во самата завршница, а токму Французинот беше играчот кој беше потенциран од Рамос преку социјалните мрежи.

Серхио можеше одблиску да го следи развојот на Килијан и соработуваше со него во ПСЖ, па сега во живо гледаше како го изедначува рекордот на Кристијано Роналдо по бројот на постигнати голови во една календарска година (59).
– Големи честитки за мојот брат Килијан Мбапе…. Го кажав ова одамна, ти си број еден….., – порача Рамос.







